in

СлаткоСлатко

Пијте половина литар млака вода пред оброк – резултатите се фантастични: Јапонска диета што ги топи килограмите!

Пиењето чаша млака вода рано наутро е сé попопуларен метод кај луѓето што сакаат да го забрзаат метаболизмот и да го прочистат организмот од токсини, но јапонската диета со вода не го препорачува само тоа!

Според терапиите за гојазност што се препорачуваат во оваа азиска земја, пред секој оброк треба да се испие по половина литар млака вода.

Притоа, се издвојува многу кратко време за јадење – дозволено е да се јаде само 15 минути, и тоа џвакајќи ја храната полека и темелно. По оброкот не смее ништо да се јаде ниту пие два часа.

Секако, нема да постигнете резултати ако не ја приспособите и храната. Треба да користите здрави намирници и да ја намалите калориската вредност на оброците. Покрај хидратацијата и здравата исхрана, важна е и редовната физичка активност. Популарноста на оваа диета довела до тоа што многу луѓе почнале да развиваат уште порадикални верзии. Според една од нив, наутро треба да испиете четири до шест чаши млака вода, пред какво било јадење.

 

Бидете многу внимателни со ваквите идеи, бидејќи не пишува секаде дека тука се мисли на помали чаши од оние што вообичаено ги користиме. Се мисли чаши од 150 до 160 мл.

Исто така, не е секаде назначено дека ваквата терапија се применува со лекарски надзор. Се започнува со помала количина на вода, а се завршува со поголема дури по седум дена.

Доколку почувствувате мачнина, главоболка или нагон за повраќање, воопшто не продолжувајте со неа.

Во утринската чаша вода можете да сипете малку лимонов сок, ако немате проблем со желудникот, бидејќи оваа комбинација се покажала како многу ефективна за забрзување на метаболизмот и за слабеење.

Како што велат Јапонците, овој метод ослободува од стрес, ги симнува вишокот килограми, дава повеќе енергија и го забрзува метаболизмот.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote