in

Што?Што?

Помалку познати симптоми на Хашимотов синдром кои многумина ги игнорираат

Лекарите објаснуваат дека Хашимото-ов синдром е најчеста причина за хипотироидизам во светот, нарушување на тироидната жлезда кое има многу негативни здравствени последици.

Со оглед на тоа дека симптомите на оваа болест се многу суптилни, тешко е да се препознаат. Исто така, многу жени често ги поврзуваат со други, помалку опасни состојби, што дополнително ја комплицира дијагнозата. Иако не постои лек за Хашимото-ов синдром, тој може успешно да се лекува.

Токму затоа, велат лекарите, потребно е да се реагира кога ќе се појават првите симптоми. Најчестите знаци кои укажуваат на оваа состојба се:

– замор

– исцрпеност

– проблеми со меморијата и концентрацијата

– зголемена чувствителност на студ

– затвор

– мускулна слабост

– болки во зглобовите

– нагло зголемување на телесната тежина

– надуеност

– проблеми со спиењето

– сува и бледа кожа

– губење на косата

– нарушувања на менструалниот циклус

– неплодност или проблеми со зачнувањето

– промена на гласот, најчесто засипнатост

– зголемување на тироидната жлезда (гушавост).

Иако сите овие симптоми не мора да значат дека личноста има Хашимото-ов синдром, доколку ги забележите, треба да направите лекарски преглед.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote