in

ПОНИЖУВАЊЕ: Дрим тимот на САД азагуби од Нигерија!

Репрезентацијата на Нигерија им нанесе изненадувачки пораз на фаворизираните Американци за време на припремите за ОИ во Лас Вегас.

Дрим тимот на САД загуби со три поени разлика, односно 90:87. И покрај тоа што овој натпревар беше пријателски, сепак на него настапија големи НБА ѕвезди како што се Дурент, Тејтум, Лилард, Бил и многу други.

Интересен факт е на претходните две средби со Нигерија, САД беше подобар со вкупно 127 поени разлика. „Мило ми е што се случи поразот, бидејќи сега ќе може да научиме од него. Најважната работа е да ги извлечеме поуките“ изјави тренерот на Американците, Грег Попович.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote