in

Поплави во Кина: Илјадници се евакуираат, потопени железнички станици и патишта

Поројниот дожд предизвика сериозни поплавувања во делови на централна Кина, принудувајќи ги луѓето да ги напуштат своите домови.

Повеќе од 10.000 луѓе во провинцијата Henan се евакуирани во засолништата по рекордните врнежи од дожд. Најмалку 12 лица загинаа во градот Zhengzhou од почетокот на поплавата, потврдија тамошните власти.

Повеќе од десетина градови се погодени, се затвораат главните патишта и откажуваат летови. Провинцијата Henan, во која живеат околу 94 милиони луѓе, издаде највисоко ниво на предупредување за временските услови по невообичаено активната дождовна сезона.

Исто така, постои стравување дека браната во провинцијата Henan може да се сруши откако беше оштетена од неодамнешните бури.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote