in

Популарната играчка повеќе нема да биде машка!

Родово-неутралната трансформација влијаеше и на анимираниот свет. Имено, популарниот анимиран лик Mr. Potato Head го менува својот имиџ и „се прилагодува на модерните потрошувачи“, објави Хасбро.

Имено, иако популарната играчка беше претставена пред повеќе од 70 години, од оваа година ќе може да се напише исклучиво Potate Head „Компир глава“ на пакувањето. Тоа е, играчката го губи препознатливиот „Г-дин“ од своето име со цел да стане неутрална по пол.

„Официјалното отстранување на „господинот“ од името и логото од страна на Хасбро гарантира дека сите ќе се чувствуваат добредојдени во светот на „Компир главата“, изјавија официјални претставници на компанијата, додавајќи дека тоа го прават „за да се промовира родовата еднаквост и вклученост“.

Ребрендираната играчка, која ќе може да се состави од голем број различни делови од телото и облеката, ќе биде претставена на есен оваа година, објави Хасбро.

Да потсетиме, Mr. Potato Head беше еден од главните ликови во Приказната за играчките, серија анимиран филм во продукција на Pixar, а објавена од Walt Disney.

Додека поединците ја поздравуваа оваа одлука и се согласија дека „културата еволуирала“, други сметаа дека ваквите одлуки се претерани и непотребни.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote