in

Амбер Хард: Ништо не можеше да ме подготви за 2020!

Актерката Амбер Хард (34) која во последните месеци беше во средина на скандалот, ја отвори душата во интервјуза странските медиуми.

„Ништо не можеше да ме подготви за 2020 година, да се разбереме. Мислам дека не сум единствена што така мисли“, изјави таа зборувајќи за пандемијата на коронавирусот и судската битка со поранешниот сопруг, актерот Џони Деп (57) поради семејното насилство врз неа.

Кога во март настапи пандемијата на коронавирусот, Амбер ја снимаше серијата „The Stand“ во која од последици од глобална пандемија на грип умираат 99 проценти од населението.

„Престанавме да снимаме на крајот на март, но сеедно морав повторно да одработам некои сцени кога сè започна да се отвара“, објасни таа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote