Властите на Тајланд го забранија користењето на популарната страна за возрасни Pornhub поради „кршење на компјутерските закони во државата“. Корисниците на вебсајтот повеќе не можат да стигнат до него кога ќе го напишат неговото URL. Според CNA, Дигиталниот Министер на Тајланд објасни дека забраната е поради напорите на државата да ја намали достапноста на вебсајтови кој промовираат содржина за возрасни и коцкарство.
Ваква содржина е сега нелегална по новиот закон кој беше донесен неодамна во државата. Освен Pornhub, беа забранети уште 190 сајтови со слична содржина. Од стапувањето на законот во сила, многу корисници од Тајланд започна петиција на социјалните мрежи со хештагот #SavePornhub критикувајќи ја оваа одлука на властите. Според поранешните податоци, токму Тајланѓаните поминуваа најмногу време на овој сајт од било која друга националност!
Коментари
Loading…