in

PORNHUB ГИ ОТСТРАНУВА СИТЕ СНИМКИ! Корисниците се очајни, платформата за возрасни пропаѓа!

Платформата за возрасни е под силна критика.

Како што беше претходно најавено, Pornhub отстрани голем број видеа од својата страница. Причината за ваквиот потег е што тие беа под жестока критика во изминатите неколку недели.

Њујорк Тајмс објави статија во која се споменува дека оваа многу популарна страница за возрасни има видеа од малолетници на својата веб-страница, како и видеа од напади врз деца. Наскоро, самиот Pornhub објави дека најави подрастични мерки, а едно од нив е дека само потврдените канали можат да поставуваат снимка на нивната веб-страница.

Порнхаб одлучи да избрише над 10 милиони клипови поради притисокот и заканите добиени од компании како Visa и Mastercard, кои им ја прекинаа можноста на клиентите да купуваат/плаќаат на оваа веб-страница. Оваа одлука на Visa и Mastercard може многу да влијае на Pornhub и нејзините „работници“ кои ја користат оваа платформа за продажба на нивната содржина.

До денес, Pornhub избриша над 10 милиони видеа. Бидејќи оваа страница до пред неколку дена имаше 13,5 милиони снимки, сега таа останува на само 2,9 милиони. Иако оваа страница содржи професионални видеа, досега таа функционираше како платформа на YouTube, овозможувајќи им на корисниците да ги поставуваат своите видеа и да заработат пари од нив. Таквите клипови претставуваа најголем дел од содржината во Pornhub.

„Јасно е дека тие имаа намера да одат во Pornhub не само поради нашите правила и како се однесуваме кон нашите клиенти, туку и затоа што сме платформа за возрасни. Тоа се истите сили кои 50 години се обидуваа да ги демонизираат Playboy, Националната фондација за уметност, сексуално образование, LGBT-Q права, женски права, дури и Здружението на американските библиотеки. Денес, тоа му се случува на Pornhub“- посочија од компанијата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote