Порто на домашен терен се сретна со италијански Јувентус и го изненади со брз погодок уште на самиот почеток на натпреварот, откако одбраната на црно-белите направи катастрофална грешка. Тареми ја затресе мрежата и го однесе Порто во водство.
Во второто полувреме, Порто ја зголеми предноста преку погодокот на Марега, а Роналдо не успеа веднаш да израмни. Последниот гол на натпреварот го постигна Киеза за намалување на водствотот во 82 минута. Вториот натпревар е закажан за 9 Март во Торино.
Коментари
Loading…