in

Големата награда на Португалија му припадна на Луис Хамилтон!

Луис Хамилтон со фантастичен перформанс ги помина Валтери Ботас и Макс Верстапен и стигна до брилијантна победа во Големата награда на Португалија.

Седумкратниот Ф1 шампион падна на третата позиција откако Макс Верстапен го помина на рестаротот по безбедносното возило. Но тој успеа да го возврати ударот само четири кругови подоцна и со високот темпо го следеше лидерот Ботас, по што и него го помина.

Со оваа победа Хамилтон останува на првата позиција со осум бодови предност пред возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. Ова беше 97ма победа во кариерата на Британецот. Тој пропушти да го добие дополнителниот бод за најбрз круг во трката. Најбрзиот круг го забележа Верстапен во последниот круг на трката.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote