in

Пациентите со рак може да имаат послаба заштита по вакцинирањето!

Луѓето заболени од рак се помалку заштитени по првата доза на вакцината Фајзер/Бионтек против коронавирус отколку другите луѓе, според едно британско истражување, кое покажува дека пациентите со рак не треба да доцнат со втората доза на вакцината.

Според студијата на биомедицинскиот истражувачки центар Институтот Франсис Крик во Лондон и Кингс колеџот во Лондон, три недели по првата доза на вакцината, антитела биле откриени на 39 проценти кај пациенти со цврсти тумори, односно тумори кои влијаат на компактните органи, а не на крв.

Кај пациенти со карцином на крв, процентот бил 13.

Ова значи дека повеќе од половина од пациентите со рак кои ја примиле првата доза на Pfizer имале многу слаба заштита од вирусот.

За споредба, кај луѓе кои не страдаат од рак три недели по првата доза на вакцината, беше откриено ниво на антитела од 97 проценти.

Кога луѓето со цврсти тумори примиле втора доза на вакцина три недели по првата доза, нивото на антитела се искачи на 95 проценти.

Немаше зголемување на заштитата кај оние кои мораа да чекаат подолго за втората доза.

Пет недели по првата доза, откриено ниво на антитела беше 43 проценти кај пациенти со цврсти тумори, осум проценти кај луѓе со рак на крвни клетки и сто проценти кај луѓе кои не страдаа од никаков карцином, што значи дека подоцнежна администрација на втората дозата не доведе до одредено зајакнување на заштитата кај пациенти со карцином.

„Овие податоци за одговорот на вакцината кај пациенти со карцином укажуваат на тоа дека интервал од 12 недели помеѓу две дози на вакцината Пфајзер-Бионтек може да остави многу пациенти заболени од карцином да бидат изложени на ризик за сериозен ковид-19“, велат научниците.

Во Велика Британија, вторите дози на вакцината во моментов се даваат на населението до 12 недели по првата доза.

Затоа научникот Шиба Иршад, кој учествуваше во истражувањето, побара итен преглед на стратегијата за вакцинација за ранливите групи.

Студијата вклучува 205 учесници и сè уште нема положено научни прегледи.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote