in

После инцидент и казна, победа на домашната трка на Хамилтон

Трката во Silverstone ја одбележа инцидентот на Хамилтон и Макс Ферстапен. Возачот на Ред Бул  ја заврши трката во вториот круг, а Хамилтон за инцидентот беше казнет со 10 секунди, но успеа да се врати и на крајот да слави победа на домашната трка.

Трката започна со голема битка помеѓу двајцата лидери во генералниот пласман, Макс Ферстапен и Хамилтон, но на најбрзиот свиок дојде до контакт по кој болидот на Ферстапен заврши во заштитната ограда.

Ова беше вкупно 99. победа за Хамилтон. Тој на три круга пред крајот успеа да го претекне Шарл Леклер, додека на трето место се најде вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Од четвртото до десеттото место се пласираа Ландо Норис, Даниел Рикиардо, Карлос Саинс, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Естабан Окон и Јуки Цунода.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote