Зголемената размена на детска порнографија на интернет и зголемената „сексуализација“ на социјалните мрежи се најсилните последици од пандемијата на коронавирусот врз сексуалното однесување на жителите на Луксембург, се вели во студијата на Националниот референтен центар за афективно и сексуално здравје CESAS.
Организацијата наведува дека ограничувањата во социјализацијата, воведени како форма на борба против пандемијата, биле причина пријателствата и сексуалните односи да се преселат на интернет, особено кај младите луѓе кои се најмногу погодени од овие мерки.
„Претходните години имавме 30-40 случаи кога детски порнографски материјал заврши во погрешни раце. Оваа година веќе имавме повеќе од 70 вакви инциденти “, велат тие во ЦЕСАС и наведуваат дека едно од решенијата е да ги едуцираме децата за сексуално однесување и терминологија.
„Важно е децата да научат дека нивните тела можат да бидат забранета зона и да знаат како да го изразат тоа“, наведува организацијата.
Коментари
Loading…