in

Посна пита со јаболко и афион: Толку лесна за правење, а сочна и мека како душа!

Ви објавуваме рецепт за пита која плени со својот вкус и е совршена за посни денови – во сезона на слави. На изглед потсеќа како ленена пита.

Потребни состојки:

  • 2 чаши (со димензии 250 ml) гриз
  • 2 чаши остро брашно (може да биде меко ако не и остро)
  • 1 чаша шеќер
  • 10 гр прашок за пециво (1 кесичка)
  • 200 гр маргарин

За филот од јаболка:

  • 1,2 кг јаболка
  • 4-5 лажици шеќер
  • 1 лажичка цимет

За филот од афион:

  • 100 гр афион (може и 200 кој сака повеќе, но потоа и другите состојки за овој фил ќе бидат двојно)
  • 1 лажица гриз
  • 4 – 5 лажици шеќер
  • 1 лажица џем или мармалад
  • чај од камилица (врел до 100 ml)

Начин на подготовка:

Прво, подгответе чај.
Измешајте афион, џем и шеќер, а потоа истурете околу 100 мл топол чај и измешајте. Смесата треба да биде потенка, така што лесно ќе ја размачкате.
Јаболките излупете ги и изрендајте ги, додадете шеќер и цимет, па промешајте.
Измешајте гриз, брашно, шеќер и прашок за пециво (суви состојки).
Подмачкајте плех за печење со 35 x 25 см.
Се редат на следниов начин: 1/4 суви состојки, половина јаболко, 1/4 суви состојки, фил од афион, 1/4 суви состојки, другата половина од јаболко, 1/4 суви состојки.
Исецкајте го маргаринот и печете во загреана рерна помеѓу 50 и 60 минути, во зависност од рерната. Испечено е кога малку ќе порумени.
Оставете да се излади, посипете со шеќер во прав, исечете и послужете.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote