Здрав и сиров десерт од банани без додаден шеќер

Потребни состојки:
- 2 зрели банани
- Сок од пола лимон (слободно може сок од портокал или мандарина, тоа шо имате дома)
- 50 г. мелени лешници
- 50 г. мелени бадеми
- 1 лажичка рогач во прав
- 1/4 лажичка цимет
- 10 урми
- 1 лажица мелено ленено семе
- 100 г. кокос (плус околу 50 г. за валкање)
- Мелени овесни снегулки по потреба (да се добие смеса која нема многу да се лепи на рацете, за да може да се формираат топчиња)
Начин на подготовка:
Урмите ситно исечкајте ги или иситнете ги во блендер, а доколку користите свежи кои се многу меки, можете да ги испасирате со вилушка.
Лешниците и бадемите сомелете ги и со вилушка испасирајте ги бананите.
Измешајте ги прво сувите состојки , а потоа додајте банана и урми .
Сè измешајте додека не се направи смеса од која можете да правите топчиња.
Со раце формирајте топчиња и обложете ги со кокос или мелени бадеми/лешници. Оставете во фрижидер да се изладат и послужете на собна температура.
На здравје и добар апетит 🙂