in

Посни погачки

Меко и вкусно пециво со сусам.

Состојки:

  • 1/2 литар кисела вода
  • 1 свеж квасец
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажички сол
  • 200 мл масло
  • брашно (околу 1 кг)
  • млака вода
  • сусам
  • стопен посен маргарин

Подготовка:

Промешајте го квасецот со шеќер во млака кисела вода и оставете го да нарасне.

Во брашното додадете сол, квасец и масло. Месете средно меко тесто. Нека се крене.

Од тестото формирајте мали топчиња. Најважно е тестото нежно да го земете во рака и да го обликувате само малку, а не да го месите.

Се тркалаат од едната страна во млака вода, а потоа во семе од сусам.

Се редат во подмачкана тава и се оставаат да одморат некое време.

Печете на 250 степени додека не порумени.

Кога ќе ги извадите од рерна, веднаш намачкајте ги со растопен посен маргарин.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote