in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Посни, ситни колачи за празници: Совршени бомбици за кои гостите ќе бараат рецепт

До празниците остана уште многу малку време . Ако ви е слава, а уште не сте започнале со подготовка на благото, еве неколку идеи со кои нема шанси да погрешите.

1. Посни бомбици со банана и јагода, прелиени со чоколадо

Состојки:

  • 300 грама шеќер
  • 200 грама замрзнати јагоди;
  • 250 грама маргарин;
  • 400 грама мелени посни бисквити;
  • банани;
  • сок од ананас;
  • 100 грама црно чоколадо;
  • 3 лажици масло.

Подготовка:

Изблендирајте ги бананите и јагодите. Растопете го маргаринот, измешајте го со бисквитите, овошјето и шеќерот. Додавајте сок од ананас додека не се направи хомогена смеса. На пареа растопете го чоколадото со масло. Бомбиците обликувајте ги рачно и потопете ги во чоколадо. Оставете ги неколку часа да се оладат во фружидер.

2. Посни бомбици од чоколадо и локум

Состојки:

  • 100 грама шеќер во прав
  • 100 грама локум;
  • 2 реда чоколадо за готвење;
  • 100 грама сецкани лешници
  • 2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Шеќерот прелијте го со 50 милилитри вода и ставете го шпорет. Кога ќе почне да врие, оставете го на среден оган околу пет минути, додадете го исецканиот локум, чоколадата и ванилиниот шеќер. Мешајте, а кога ќе се растопи локумот, додадете ги и сецканите лешници. Од смесата направете бомбици, кои на крајот може да ги сместите во хартиени корпички.

3. Бомбици од морков и портокал 

Состојки: 

  • 1 килограм исчестен и ситно изрендан морков;
  • 500 грама шеќер
  • 200 милилитри вода;
  • сок од еден лимон;
  • сок од половина портокал;
  • 100 грама карамелизирани кори од портокал;
  • шеќер за валкање на бомбиците.

Подготовка:

Во големо тенџере истурете 500 грама шеќер и 200 милилитри вода, варете додека не зоврие и плус уште пет минути. Додадете го морковот, сокот од еден лимон, сокот од половина портокал и 100 грама карамелизирана кора од портокал. Варете на средна температура додека не изврие целата течност, а морковот не стане прилично мек, секако со повремено мешање. Овој процес може да трае и еден час. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да се излади, а смесата изблендирајте ја со блендер. Од смесата со влажни раце обликувајте топчиња, кои ќе ги наредите во голема тепсија. Секое топче убаво извалкајте го во шеќер и готовите бомбици оставете ги да отстојат на ладно место.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote