in

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ! Жените кои подоцна стануваат мајки подобро ги воспитуваат своите деца!

Вистина е дека за повеќето жени, бременоста станува потешка со возраста. Меѓу другото, жените се раѓаат со одреден број на јајца, а тој број се намалува со возраста.

Покрај тоа, бременоста по 35-та година од животот доаѓа со некои дополнителни ризици од компликации како што се поголем ризик од хипертензија, дијабетес или хромозомски абнормалности кај новороденчиња.

Од истите причини, на жените често им се препорачува да забременат на порана возраст. Но, студиите покажуваат дека подоцнежната бременост има бројни предности и се чини дека една од нив е дека жените кои раѓаат во подоцнежните години подобро ги воспитуваат своите деца.

Во последните 20 години, бројот на жени кои станаа мајки во дваесеттите години се намали. Се повеќе жени се одлучуваат да имаат деца подоцна во животот, а најчести причини се кариерата и подоцнежниот брак.

Студија спроведена на „Школата за деловни и општествени науки“ на дански универзитет покажа дека децата на жени кои родиле по 35-та година имаат некои дополнителни придобивки.

Студијата покажува дека постарите мајки не се толку строги во однос на наметнување физичка и вербална дисциплина на нивните деца на возраст од 7 до 11 години. Како резултат, децата кои припаѓаат на оваа возрасна група покажаа помалку потешкотии во однесувањето и помалку социјални и емоционални тешкотии, пренесува Times Of India.

Истата студија исто така покажа дека постарите мајки имаат подобра и постабилна врска со своите деца. Покрај тоа, нивото на зрелост на овие жени им олеснува да го надминат стресот за време на бременоста и да одржуваат позитивен став додека воспитуваат деца.

Со текот на годините, луѓето стануваат подобри во решавањето на емоционалните и менталните предизвици, па затоа подобро се справуваат со секоја ситуација и ги насочуваат своите деца на подобар начин. Тие им овозможуваат на своите мали деца позитивно психосоцијално опкружување кое им помага да бидат оптимистични во животот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote