in

ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ! Франција забрани лов на птици со лепак!

Ловот на птици со лепак дефинитивно е прогласен за незаконски во Франција, со што се става крај на долгогодишната дискусија меѓу поддржувачите и противниците на овој контроверзен метод, кој се смета за традиционален.

По прибегнувањето кон Европскиот суд, кој во март процени дека оваа ловна техника предизвикува „непоправлива“ штета на сите заробени птици, највисокиот управен суд во Франција дефинитивно ги поништи сите исклучоци што државата ги одобри за ваквиот лов, оценувајќи дека тоа е „спротивно на Европско право “.

Методот на лов наречен „традиционален“ се спроведува во пет оддели на југоистокот на Франција.

Овој метод, наменет за црни птици и дрозди, се состои во фаќање птици во стапица на гранчиња намачкани со лепак. Птиците фатени на овој начин се ставаат во кафез, а другите птици ги привлекуваат ловците со песна.

Сепак, еколошките активисти со години се борат да го забранат истакнувајќи дека станува збор за „суров“ неселективен метод што доведува до заловување на птици освен целните, вклучително и оние кои припаѓаат на загрозени видови

Ловците даваат уверување дека птиците фатени по грешка ќе бидат исчистени и пуштени назад во дивината.

По бројните жалби, барајќи од судот да ги поништи владините декрети со кои се ослободува ваквиот лов во име на традицијата, судот на крајот се обрати до Европскиот суд за човекови права.

Европскиот суд за човекови права одговори во март дека покрај чистењето, заробените птици претрпеле непоправлива штета, па затоа францускиот суд одлучи да ги поништи сите издадени дозволи за изземање.

Судот во изјавата рече дека ниту владата ниту синдикатот на ловџии не доставиле доволно докази за да потврдат дека другите видови не биле фатени или дека птиците фатени по грешка ќе претрпат само незначителна штета кога ќе бидат исчистени и ослободени.

Судот додаде дека единствената цел да се зачува таа традиција не е доволна за да се оправда доделувањето на изземање од забраната.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote