in

ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ! Онколог им простил на пациентите долг од 650.000 американски долари!

Американскиот онколог им простил 650.000 долари долгови на 200 пациенти за трошоците за лекување.

Минатата година, д-р Омар Атик ја затвори својата канцеларија во Арканзас, каде работеше 30 години.

Долговите на многу пациенти останаа нерасчистени по затворањето на канцеларијата, но Атик по некое време реши да им прости.

“Сфатив дека луѓето се борат да ги вратат, па јас и сопругата решивме да ги простиме сите долгови. Видовме дека можеме да се справиме со тоа”, изјави онкологот за Добро утро, Америка.

Атик, кој е по потекло од Пакистан, ја основал клиниката Арканзас Кенсер во Пајн Блаф во 1991 година, обезбедувајќи третман со хемотерапија и радиотерапија и правејќи компјутерска томографија.

„Сметавме дека нема подобро време да се направи тоа отколку за време на оваа пандемија, која покрај здравјето, влијаеше и на економски на луѓето“, истакна Атик.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote