Потенцијално опасен астероид ќе помине покрај Земјата следната недела, соопштија од НАСА.
Огромниот камен, именуван 2021 КТ1, ќе помине покрај нашата планета на први јуни во попладневните часови и ќе патува со брзина поголема од 60 илјади километри на час. НАСА успеа да процени дека астероидот има дијаметар од околу 150 до 300 метри, што значи дека каменот е во големина колку Ајфеловата кула.
И покрај тоа што беше означен како потенцијално опасен од страна на Американската агенција за вселената, сепак се очекува астероидот мирно да помине покрај нашата планета, бидејќи ќе биде одалечен околу 7 милиони километри од Земјата.