in

Поток од чад и лава: Вулканот Мерапи еруптиираше во Индонезија!

Најнестабилниот вулкан во Индонезија денеска повторно еруптираше и испушти колони чад, пепел и лава низ падините на планината Мерапи.

Подножјето на планината беше покриено со „дожд“ од камења рано утрово, а небото беше покриено со облаци чад и пепел кои се искачија на 200 метри во атмосферата, изјави шефот на индонезиската агенција за геологија и вулкански активности Ханик Хумаида.

Вулканот, висок скоро 3.000 метри, се наоѓа на густо населениот остров Јава и е најактивен од десетина индонезиски вулкани.

Индонезискиот архипелаг, населен со околу 270 милиони луѓе, се наоѓа во огнениот круг во Пацификот, земјотресна зона со активни вулкани.

Во последната голема ерупција на вулканот Мерапи во 2010 година загинаа 347 лица.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote