in

ТаженТажен

Потонатиот брод предизвика еколошка катастрофа! [ВИДЕО]

Телата на мртви желки, делфини и китови се појавија на едниот брег на Шри Ланка, откако брод што гореше потона и предизвика еколошка катастрофа.

Експертите од областа на заштитата на животната средина тврдат дека ова е најлошиот вид еколошка катастрофа за која е одговорен човекот.

Пожарот избувнал на товарниот брод „Прес Перл“, регистриран во Сингапур, во кој се превезувале 1.486 контејнери, вклучително и 25 тони азотна киселина, заедно со други хемикалии и козметика.

Бродот потона на 2 јуни, додека спасувачката екипа се обиде да го повлече од брегот.

Капетанот на бродот се појави на суд во четвртокот, но сè уште не е обвинет за овој случај, окарактеризиран како најголема еколошка катастрофа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote