in

Потпишан е договор за испорака на нов руски одбранбен систем S-500!

Руското Министерство за одбрана потпиша договор со компанијата „Алмаз-Антеј“ во врска со испораката на првите 10 системи за противвоздушна одбрана „S-500 Прометеј“ на Воздушно-вселенските сили на Руската Федерација, изјави неименуван извор од воено-индустриски комплекс.

Извор за ТАСС наведува дека сериската испорака на системот ќе започне во првата половина на 2022 година.

Според изворот, тестирањето на државно ниво во моментов се одвива на полигонот во јужна Русија и ќе трае до крајот на годината.

Извор од руската агенција открива дека сегашната варијанта на системот е копно, но дека може да стане и поморска, доколку е потребно.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote