in

Училиштата во Токио бараат од учениците потврда дека нивната коса е природна!

Скоро половина од средните училишта во Токио бараат од учениците со брановидна или не-црна коса да дадат потврда дека косата не им е вештачки променета.

Агенцијата наведува дека јапонскиот јавен сервис НХК објавил дека од 177 средни училишта со кои управува владата на Токио, 79 бараат вакви сертификати потпишани од нивните родители.

Образовниот одбор во Токио достави изјава до НХК во која вели дека ваквите сертификати за коса не се задолжителни, но јапонската телевизија утврди дека само во пет од 79 училишта на учениците им било јасно познато дека не им требаат нив.

Reuters наведува дека во Јапонија, многу училишта имаат строги правила во врска со бојата на косата, шминката и училишните униформи, вклучувајќи ја и должината на здолништата за девојчиња.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote