in

Египет се подготвува за поворка на фараоните!

Мумифицираните остатоци на античките египетски кралеви и кралици ќе бидат пренесени во поворка низ улиците на Каиро во сабота до нивното ново почивалиште – Националниот музеј на египетска цивилизација.

Остатоците од 18 кралеви и четири кралици ќе бидат подредени по возраст, на посебни платформи украсени во антички египетски стил во поворка наречена „Златна парада на фараоните“.

„Остатоците се преместуваат од Египетскиот музеј во центарот на Каиро, каде што престојуваа со децении, во Националниот музеј на египетска цивилизација, отворен во 2017 година на југот на градот и ќе бидат сместени во малку помодерни излози“, рече Салима Икрам , професор по египетологија на универзитетот во Каиро.

Секој вагон ќе има амортизери за да патува што е можно побезбедно по 40-минутното долго патување низ Каиро.

Поворката ќе започне денеска во 18 часот по локално време.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote