Јурген Клоп сугестираше дека повредата која Ван Дајк ја заработи по дуелот со голманот на Евертон Џордан Пикфорд не изгледа добро и ќе го одалечи од терените. Вирџил Ван Дајк заработи повреда во денешниот натпревар и мораше да биде заменет од страна на тренерот.

Дефанзивецот на Холандија остана на теренот само 11 минути во натпреварот кој заврши со резултат 2:2 против Карамелите во Гудисон Парк. „Вирџил одигра многу натпревари за нас и кога и да почувствува болка тој прдолжува да игра. Но денес тој не можеше да продолжи. Тоа не изгледа на добро.“ изјави тренерот на Ливерпул Јурген Клоп.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…