in

Пожар во близина на руската воена база во Сирија! Експлозијата ги потресе сите, има повредени! (ВИДЕО)

Шест лица се здобиле со изгореници.

Денес, изутрината, се слушна експлозија во сириското пристаниште Тартус, каде се наоѓа и руската поморска база.

Сириската арапска новинска агенција објави дека пожарот избувнал во пристанишните силоси за жито, кои се наоѓаат на помалку од 900 метри од руската поморска база.

  • Шест работници во силосот се здобија со изгореници од различен степен и беа пренесени во болницата ал Базел во Тартус – рече во изјавата генералниот директор на фабриката за преработка на жито.
  • Огнот беше целосно изгаснат и ниту едно зрно пченица не се изгуби – додаде тој.

Според него, пожарот предизвикал материјална штета на централниот магацин. Во тек се работи за санирање на штети.

Минатата година, рускиот „Ститерангас“ доби 49-годишен договор за управување со пристаништето Тартус. Компанијата планира да инвестира 500 милиони долари во развој на пристаништето.

Тоа ќе биде од корист на поморската база, која исто така беше изнајмена на руската морнарица во 2017 година за 49 години.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote