in

ПОЖАРОТ ЈА ПРОГОЛТА БОЛНИЦАТА ЗА COVID: Пожарникарите се борат за гаснење на пожарот, има и починати (ВИДЕО)

Пожарот избувна на одделот за интензивна нега на една болница на западот од Индија.

Пожар избувна утрово во индиска приватна болница каде се лекуваат пациенти со COVID-19, а во несреќата загинаа пет лица, додека 28 се повредени.

Според полицијата, пожарникарите успеале да го спречат ширењето на пожарот. Пожарот зафати еден кат од зградата и беше изгаснат во рок од 30 минути.

Индиските медиуми јавуваат дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега на една болница на западот од Индија, каде се лекувале 33 пациенти со COVID-19.



Дел од пациентите со изгореници биле префрлени во друга болница во градот Рајкот во државата Гуџарат.

Во моментов е во тек истрага за примероците од пожарот.

Во август избувна пожар во болница во Ахмедабад во истата држава, кога животот го загубија пет пациенти заразени со вирусот корона.

Лошото одржување на инсталациите и недостатокот на противпожарна опрема е честа причина за смртта во Индија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote