in

Познат новиот тренер на Тотнем!

Рајан Мејсон беше назначен како нов менаџер на Тотнем, откако Жозе Мурињо доби отказ по низата на неколку лоши резултати.

Тој ќе го води тимот од Лондон до крајот на сезоната. Мејсон, кој има само 29 години, се пензионираше од фудбалот во 2018 година откако се збоди со сериозна повреда – фрактура на черепот.

Тој беше вработен во академијата на клубот веќе подолг период. „Не е тајна дека го сакам овој клуб. Поминав 20 од моите 29 години во него. Тој ми е во срцето, ми тече во крвта“ изјави Рајан.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote