in ,

УбавоУбаво

Познати сите 16 учесници во нокаут-фазата на ЛШ

Со одигрување на вечерашните натпревари од последното шесто коло во групната фаза од Лигата на шампионите, познати се сите патници во осминафиналето на елитното натпреварување во сезоната 2022/2023.

Откако денеска последните две места ги пополнија бундеслигашот Лајпциг и италијанскиот великан Милан ги имаме сите учесници во нокаут фазата. Англија и Германија со по четири екипи ќе бидат земји со најмногу претставници во оваа фаза од натпреварувањето. Интересно е тоа што по долги години Шпанија ќе има само еден претставник во името на Реал Мадрид. Три тима во нокаут фазата ќе има Италија (Наполи, Интер и Милан), додека со две екипи ќе биде Португалија (Порто и Бенфика). Покрај Шпанија по еден тим во осминафиналето ќе има и Франција (ПСЖ) како и Белгија (Клуб Бриж).

Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите е закажана за 7. ноември (понеделник) со почеток во 12 часот. Првите мечеви ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари, додека реваншите се закажани за 7, 8 14 и 15 март.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote