in

Холивудски ѕвезди мајстори на боречки вештини!

10. Jessica Alba – да почнеме со едно изненадувачко име. Џесика Алба поради потреба во еден акционен научила теквандо, дури има и диплома!

9. Robert Downey Jr. – Downey, за потребите на филмот Iron Man ја научил техниката Wing Chun Kung Fu. Потоа со тек на време дошол до степен на мајсторство.

8. Christian Bale – од Iron Man да прејдеме на Batman. Сите знаеме како актерот се спрема за своите филмови. Исто како Downey Jr. тој ја научил техниката Wing Chun Kung Fu.

7. Carrie Anne Moss – оваа актерка е вистински мајстор во Shaolin и Кунг фу. Актерката ги знаела овие борилачки вештини уште пред филмот Matrix.

6. Taylor Lautner – Значи дека поентата на Lautner не е само body-building. Тој поседува црн појас во карате и има добиено многу награди.

5. Jackie Chan – сите му се восхитуваме на неговите филмови полни со акција и забава. Тој е мајстор по: карате, џудо, Jeet Kune Do, Hapkido и теквандо.

4. Jean-Claude Van Damme – легендата на акционите филмови Ван Дам на 11 години почнал со карате а потоа продолжил со кикбокс, Muy Thai и теквандо. Мислиме дека нема потреба да кажеме дека е мајстор на сите горе наведени техники.

3. Chuck Norris – филмовите на Чак Норис подолго време беа причина за потсмев но ако погледнеме во неговата борилачка историја ќе сватиме дека сите што се потсмевале може да добијат ќотек од него. 6 пати бил светски првак во карате, мајстор е во техниките tangsudo, jiu jitsu, теквандо, џудо. Покрај сите овие техники направил и своја техника именувана Chun Kuk Do.

2. Bruce Lee – споменувањето на оваа личност како филмска ѕвезда малку не е праведно.. неговата борбена техника е многу по легендарна од самите филмови. Тој бил ученик на IP Man. Мајстор во Wing Chun. Но најважно основачот на Jeet Kune Do техниката. Од неговите блиски е кажано дека бил добар и во боксот.

  1. Jet Li – за прв пат, со филмот Пеколно Оруже 4 заблеска во Холивуд. Мајстор е на техниките Wu Shu, Baguazhang и многу кинески боречки вештини. Во младоста 6 пати последователно бил шампион во националниот спортски натпревар за млади во Кина.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote