in

Познато кој ќе го замени Александер-Арнолд во англиската репрезентација!

Дефанзивецот на Брајтон, Бен Вајт е замента за повредениот Трент Александер-Арнолд во репрезентацијата на Англија за Еуро 2020.

23 годишниот Англичанец дебитираше за репрезентативниот дрес минатата недела во пријателската со Австрија. Во истиот натпревар, ѕвездата на Ливерпул се повреди и мораше да го напупшти теренот.

Централниот дефанзивец Вајт играше и во натпреварот со Романија заедно со Тајрон Мингс во одбраната. Избраниците на Герет Саутгејт го играат првиот натпревар на Еуро во недела против репрезентацијата на Хрватска.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote