in

Правилно перење и одржување џемпери: Еве како џемперот да изгледа засекогаш нов

Џемперите се најубави есенски парчиња, топли, практични, лесни за комбинирање и секогаш изгледаат убаво, но нивното одржување може да биде доста тешка работа, имајќи предвид дека имаат поинаква текстура на матријал – да речеме од, памук, лен, свила или фармерки.

Џемперите не се дизајнирани да се мијат на редовни програми во машини за перење, иако честопати го правите токму тоа. На тој начин, тие ќе ја изгубат својата форма со текот на времето, а исто така ќе ги добијат и оние неславни „грутки“, па многу брзо ќе изгледаат стари и „истрошени“.

Тие мора да се третираат на посебен начин, прво кога станува збор за волна или кашмир, и еве го вистинскиот начин.

Кога станува збор за перењето, џемперите треба да се мијат по две до пет носења – совет е да се мијат оние направени од волна по петти пат, додека за оние од кашмир се препорачува да се мијат по две или три носења.

Секогаш е препорачливо да ги следите упатствата на етикетата за перење, иако најдобра опција е да ги миете рачно.

Во овој случај, користете благ прав и ладна вода, бидејќи волната се собира на високи температури. Никогаш немојте да ги исцедете џемперите после миење, туку ставете ги на крпа за да ја апсорбираат вишокот вода.

Ако имате особено скап и омилен џемпер, најдобро е да го носите од време на време на хемиско чистење.

Честото носење волнени џемпери создава несакани „грутки“ врз нив, поради што изгледаат истрошени, дури и кога не се. Обичен брич ќе го реши овој проблем, но бидете внимателни со оваа постапка.

Со едната рака, затегнете го џемперот каде што се појавиле грутките, а со другата рака нежно отстранете ја топката волна со жилет.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote