Моќта на умот е навистина неверојатна – многу луѓе успеваат да се убедат себеси и другите во нешто што навистина не е точно.
Но, доколку сакате подобро да се запознаете себеси и да добиете објективна проценка на вашите ставови, без разлика што на другите им кажувате нешто друго, направете интересен тест.
Дизајниран е од Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, и се состои од неколку прашања на кои треба да се одговори.
Почнете, запишете (или запомнете) целосно искрени одговори и дури тогаш видете што тие навистина значат.
Важно е да не ги гледате резултатите и да давате искрени одговори, без многу размислување, туку што прво замислувате:
- Гледате во морето. Вашето прво чувство? Можете да ги затворите очите …
- Шетате низ шумата и гледате под своите нозе. Како се чувствувате? Времето на одговор да не е повеќе од 30 секунди.
- Гледате лет на галеби. Што чувствувате?
- Гледате стадо коњи. Напишете што прво чувствувате, не размислувајте долго.
- Во пустината гледате ѕид со мал отвор, зад кој се наоѓа оаза. Во овој случај се потребни дела, не мисли, напишете што ќе правите.
- Повторно пустината. Уморни сте од долгото патување. Гледате сад со вода. Што правите?
- Изгубени сте во шумата. Се стемнува. Гледате куќа со осветлен прозорец. Што ќе правите?
- Во магла сте. Како се однесувате, како се чувствувате?
Резултатите прочитајте ги подолу:
Секое прашање се однесуваше на одреден сегмент од вашиот живот. Вашиот одговор (дејствието што сте го направиле или чувството што првпат се појавило како асоцијација) е одговор на тоа какви сте кога станува збор за важни животни полиња:
- Вашиот став кон животот, емоциите, чувствата.
- Како се чувствувате во вашето семејство.
- Вашиот однос кон жените.
- Вашиот однос кон мажите.
- Ваша основна животна стратегија, цел. Како ги решавате вашите проблеми.
- Вашиот сексуален живот. Избор на партнер.
- Вашата подготвеност за брак.
- Вашиот однос кон смртта.
Се разбира, не мора да се согласувате со резултатите. Но запомнете само едно – можете да се лажете себеси и другите колку сакате, но тоа никогаш не можете да го направите со вашата потсвест!