Во неделата, корисниците на социјалните мрежи споделија видео од објектот, што го окарактеризираа како метеорит.
Објектот погоди насади во близина на либанската провинција Акар во Либија, а на видеото се гледа како паѓа од небото.
Градоначалникот на либанскиот град Ал-Талил, Јозеф Мансур, ги негираше извештаите за наводниот „метеорит“ забележан во провинцијата Акар претходно во неделата, велејќи дека станува збор за огномет.
- Се покажа дека она за што се сомневаше дека е метеорит е еден од огнометите за славење (стрели за петарди) испукани во небото, а поради брзината на неговото движење и поради брзината на ветерот, луѓето мислеа дека станува збор за метеорит, особено затоа што предизвика мал пожар во ливадата каде падна – детално рече Мансур, а го цитираше државната Национална новинска агенција на Либан.
Корисниците на социјалните мрежи веднаш споделија видео и фотографии од наводниот „метеорит“, на кој се гледа црвен сјаен објект кој полека паѓа од небото.
Коментари
Loading…