in

Тото Волф: Преговорите за потпишување на новиот договор со Хамилтон ќе започнат наскоро

Тимскиот шеф на Мерцедес во F1, Тото Волф изјави дека очекува да започне со преговори со Луис Хамилтон за потпишување на новиот договор следните неколку денови. Хамилтон стана најуспешниот Формула 1 возач на сите времиња во неделата откако ја освои својата седма светска титула. Неговиот договор истекува оваа сезона, но тој веќе изјави дека сака да остане во Мерцедес.

„Ќе почекаме да поминат неколку денови, да поминат емоциите и потоа ќе зборуваме за новиот договор. Нашиот однос е повеќе од само бизнис, ние сме пријатели, си веруваме еден на друг.“ изјави Тото. Хамилтон и Волф ги одложија преговорите за договор бидејќи сакаа прво да ја освојат конструкторската и возачката титула на F1 и успеаа во нивните намери.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote