in

Прекрасните ќерки на Никол Кидман ја засенија својата мајка на доделувањето на наградите! [ФОТО]

NEW YORK, NEW YORK - MAY 29: Nicole Kidman attends the "Big Little Lies" Season 2 Premiere at Jazz at Lincoln Center on May 29, 2019 in New York City. (Photo by Dia Dipasupil/Getty Images,)

За време на воведното објавување на 78-те награди „Златен глобус“, вниманието го привлече актерката Никол Кидман, која се приклучи на шоуто од нејзината семејна куќа. Иако беше облечена како да оди на црвениот тепих, сите гледаа во нејзиното друштво – ќерките и сопругот, музичарот Кит Урбан.

Актерката седеше со сопругот Кит Урбан и ќерките на каучот. Иако Никол носеше фустан од Луј Витон, вниманието беше насочено кон нејзините две ќерки Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.

Имајќи предвид дека парот ги држи своите деца подалеку од очите на јавноста, нивниот изглед во фотографијата ги изненади сите.

Да потсетиме, Кит Урбан неодамна ја отвори душата и ја откри тајната на успехот на нивниот петнаесетгодишен брак, пишува The Sun, споредувајќи го бракот со градината.

Јас ги правам истите работи како на почетокот кога почнавме да се забавуваме. Јас гледам на тоа како одржување на градината. Ако не ја завршите работата, градината почнува да расте премногу, а потоа се жалите дека не е многу интересна и барате друга градина. Ја одржувам оваа градина – рече музичарот.

Инаку, Никол Кидман од бракот со Том Круз има две деца кои ги посвоија – ќерката Изабел Џејн и синот Конор.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote