in

ОФИЦИЈАЛНО! Сите англиски клубови се повлекоа од Супер Лигата!

Сите шест екипи од Премиерлигата кои беа членки на Европската Супер лига донесоа одлука да се повлечат од тоа натпреварување, пренесуваат британските медиуми. Манчестер Сити беше првиот клуб кој официјално се откажа од учеството во СЛ, а го следеше Челси. Подоцна вечерта, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем ги направија истите чекори.

Нацрт на Суперлигата и 12 клубови основачи беше објавен во неделата вечерта, но тој план беше остро осуден од мнозинството фудбалска јавност.

Сити прво изјави дека „формално реагирал и ја започнал постапката за повлекување“, а потоа реагирале и други англиски екипи.

Ливерпул наведува дека нивното учество во новото натпреварување е „стопирано“.

Од Манчестер Јунајтед велат дека „внимателно ги слушале реакциите на навивачите на британската влада и другите лица вклучени во клубот и донеле одлука да не учествуваат“.

Арсенал се извини, велејќи дека „погрешиле“ и додаде дека се повлекуваат затоа што ја виделе реакцијата на навивачите и пошироката фудбалска заедница.

Претседателот на Тотенхем Даниел Ливи истакна дека клубот „жали што предизвика гнев и незадоволство“ од овој предлог за ново натпреварување.

Засега останува да видиме дали оваа епизода ќе има некакви последици во форма на казни од ФА, како и што ќе се случи со „не-англиските“ екипи-членки на СЛ.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote