in

Претседателот на СЗО: Теоријата дека Ковид-19 потекнува од лабараторија не е исклучена

Теоријата дека Ковид пандемијата била предизвикана откако вирусот „побегнал“ од лабараторија во Вухан не е исклучена, изјави претседателот на Светската здравсвтвена организација.

Можноста дека вирусот побегнал од лабараторија беше дискутирана на собирот во кој учествуваа лидерите на Г7. Оваа информација ја потврди директорот на СЗО.

И покрај тоа што е доста неверојатно дека почетокот на пандемијата започнал во лабараторија, сепак постои можност и таа можност ќе се истражува, стоеше во соопштението.

Овие новости доаѓаат откако преседателот на САД, Џо Бајден нареди подетална истрага околу потеклото на вирусот, вклучувајќи ја и теоријата за лабараторија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote