in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Превкусен чоколаден банана леб

Чоколадото и бананата се одличен пар. Доколку подготвувате класичен леб од банана, додадете во смесата неколку капки чоколадо и уживајте во одличниот вкус. Доколку сакате уште побогат десерт, измешајте какао во прав во смесата.

 

Потребни состојки:

  • 175 грама брашно
  • 160 грама кафеав шеќер
  • 100 грама чоколадни капки
  • 75 грама стопен путер
  • 20 грама какао во прав
  • 3 зрели банани
  • 1 големо јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

1. Намачкајте го садот за печење со путер и оставете го настрана. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Изгмечете ги бананите со виљушка. Измешајте ги со растопен путер, кафеав шеќер, јајце и екстракт од ванила.

3. Во друг сад измешајте ги сувите состојки: брашното, какаото во прав, сода бикарбона и солта.

4. Добро измешајте ги сувите состојки во смесата со банана.

5. На крајот додадете ги капките чоколадо.

6. Префрлете ја смесата во сад за печење и ставете ја во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 50 минути или додека целосно не се обработи термички.

7. Изладете го чоколадниот леб од банана пред да го послужите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote