in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ARANCINI DI RISO – Оризови топчиња полнети со сирење во сос од домати

Ако требаше да го изберам моето омилено јадење со ориз, тогаш дефинитивно ќе беше аранчини

Состојки:

  • 250 гр ориз
  • 30 гр путер
  • 40 гр пармезан
  • 1 лажичка сол
  • половина лажичка мелен пипер (по избор)
  • 1 лажица сушен магдонос
  • 150 гр сирење Гауда (можеби некое друго сирење што го сакате, моцарела, итн.)
  • За панирање:
  • 200 гр трошки леб(презла)
  • 200 гр брашно
  • 3 јајца
  • масло за пржење


Сос (предлог):

  • 2 лажици маслиново масло
  • половина главица црвен кромид
  • 1 лажичка лук или чешне
  • 400 гр пире од домати
  • 1 лажица (рамна) шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка Вегета
  • половина лажичка мелен црвен пипер
  • 1 лажичка сушен босилек
  • 1 лажичка оригано (по избор)

Начин на подготовка:


Варете го оризот додека не омекне. Во сварениот ориз додадете путер, рендан пармезан, магдонос, бибер и сол и измешајте сè заедно. Оставете да се олади. Откако смесата ќе се олади, земете малку од подготвениот ориз и премачкајте ја на вашата дланка како плескавица. Ако смесата се лепи за вашите дланки, можете да ја ставите малку зејтин. Ставете коцка сирење на средина и обликувајте топка. Повторете го процесот додека не ја потрошите смесата. Формираните топчиња превртете ги во брашно, па во изматени јајца и потоа во трошки од леб. Пржете ги во загреано длабоко масло додека не поруменат. Послужете ги со сос од домати.

Подготовка на сос:
Издинстајте ситно исечен кромид во масло. Потоа додадете пире од домати, лук, шеќер, сол, бибер, вегета и босилек и оригано. Гответе на тивок оган 25-30 минути, мешајќи повремено.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote