Докторот Каран Рај ја наведе причината зошто спиењето во чорапи е здраво.
Неодамна откри една работа што изненади многумина – поздраво е да спиете во чорапи.
За многумина спиењето во чорапи не е пријатно, но според докторот носењето чорапи за време на спиењето ја подобрува циркулацијата во стапалата.
Тогаш крвните садови се шират, а кога ќе се прошират, можат да се ослободат од топлината многу порано од вообичаеното и на тој начин можат да ја намалат телесната температура на онаа што е идеална за мирен и квалитетен сон.
Покрај овој лекар, Националното здружение за спиење во САД исто така ги потврди придобивките од спиењето во чорапи, и даде совети за оние кои сè уште сакаат да бидат боси.
Според LADbible, може да ги загреете нозете ако ги завиткате во дополнително ќебе или ги чувате со шише со топла вода.
Многу пати е докажано дека луѓето кои имаат слаба циркулација и вечно ладно стапало, имаат проблем да заспијат. И само една непроспиена ноќ може да влијае на вашето здравје и да ви го наруши следниот ден.
Повеќе такви непроспиени ноќи би оставиле трага, и не само на вашето лице, тоа би влијаело на вашето целокупно здравје во голема мерка.
Коментари
Loading…