in

Примал плата цели 15 години, а ниту еден ден не работел!

Вработен во јавниот сектор примал плата цели 15 години, а ниту еден ден не се појавил на работа.

Овој настан се случил во една болница на југот на Италија, открива финансиската полиција која поднесе кривична пријава против лицето. Според медиумот Ла Стампа, Салваторе Скумасе бил вработен од 2005 во противпожарната бригада и оттогаш па се до 2020, кога конечно добил отказ, на работното место се појавил само еднаш.

Тој и се заканил на претпоставената дека доколку го пријави во службите, ќе има последици по нејзе и нејзиното семејство. Ова не е изолиран ваков случај во државата, имаат повеќе кои сеуште не се откриени, соопштија властите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote