Британскиот принц Вилијам, кој се разболе од ковид-19 минатата година, откри дека ја примил првата доза на вакцина за коронавирус.
Вилијам (38), внук на кралицата Елизабета и втор по ред за британскиот престол, објави на Твитер дека ја примил првата доза на вакцината на почетокот на неделата со фотографија како ја прима вакцината во Музејот на наука во Лондон
„Во вторникот ја примив првата доза на вакцина ковид-19“, напиша принцот Вилијам.
On Tuesday I received my first dose of the COVID-19 vaccine.
To all those working on the vaccine rollout – thank you for everything you’ve done and continue to do. pic.twitter.com/8QP6ao5fEb
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) May 20, 2021
Коментари
Loading…