in ,

WTFWTF Што?Што?

Принцот Хари проговори – ‚‚Нема да се вратам во кралското семејство‚‚ (ВИДЕО)

Британскиот принц Хари ја промовира својата книга „Резерва“, која излегува на 10 јануари оваа година.
Во мемоарите се осврнува на своето воспитување и на животот во кралското семејство, а по повод објавувањето на автобиографијата даде неколку интервјуа, кои ќе бидат прикажани неделава.
Во исечок од интервјуто за Си-би-ес, Андерсон Купер го прашува дали во иднина се гледа себеси како член на кралското семејство, а Хари бргуи одговори: не

Мемоарите се очекува да го опишат јазот помеѓу 38-годишниот Хари и неговиот 40-годишен брат Вилијам, принцот од Велс.

Ова доаѓа откога војводата од Сасекс во својот документарец за „Нетфликс“ откри дека брат му Вилијам го прекршил ветувањето дека никогаш нема да објавува приказни или да зборува против него откако бил сведок на последиците од таквите постапки во канцеларијата на татко им.

Според британскиот таблоид „Сан“, Хари веќе снимил телевизиско интервју за својата биографија. Интервјуто го водел Том Бредби за програмата News at Ten на британската телевизија Ај-ти-ви.

Бредби, поранешен кралски дописник за Ај-ти-ви и пријател на семејството на Хари, и претходно ги интервјуира додека снимаше документарен филм за нивната турнеја во Африка во 2019 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote