in

Хорнер: Секогаш велев дека приоритет е да му се даде шанса на Албон

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристиан Хорнер ја помина Големата Награда на Бахреин со одредена доза на сатисфакција. Неговиот тим, за прв пат од 2017, забележа двоен подиум со Макс Верстапен и Алекс Албон. Албон стигна до третата позиција во трката по ненадејното откажување на Сергио Перез поради проблеми со моторот на неговиот Болид.

„Лошата среќа на Перез, беше добра среќа за Албон. Имаше одличен старт и ретко ќе видите мотор на Мерцедес да откаже за време на трка. Перез е многу добар возач. Но мојот приоритет секогаш беше да му се даде шанса на Алекс. Тој прави вистински прогрес и извоза одлична трка во Бахреин.“ изјави тимскиот шеф на Ред Бул.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote