Во финалето на прелиминарната рунда квалификации за пласман во Лигата на шампионите, ќе се сретнат екипите на Приштина и Интер Ескалдес од Андора.
Претставникот на ФС Косово во полуфиналето ја совлада екипата Фолгоре од Сан Марино со резултат 2:0, а двата гола беа постигнати во второто полувреме.
Интер Ескалдес со минимален резултат го совлада ХБ Торшавн од Фарски Острови.
Финалето е на 25 јуни, а победникот во првото коло од квалификациите ќе се сретне со Унгарскиот Ференцварош.
Коментари
Loading…