in

ПРИВАТНО ЛЕТАЛО ПРИСТИГНА НА МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА: Започна нова ера! (ВИДЕО)

Вселенското летало на Илон Маск со четворица астронаути стигна до МСС.

Вселенското летало на милијардерот Илон Маск со четворица астронаути денеска слета на Меѓународната вселенска станица, што е прва мисија на НАСА со употреба на приватно изградено летало со екипаж.

Капсулата Crew Dragon, наречена „Отпорност“, слета 27 часа по лансирањето од Кејп Канаверал, Флорида, по две одложувања поради силните ветрови донесени од бурата Ета.

Следните шест месеци астронаутите ќе ги поминат во Меѓународната вселенска станица, орбитална лабораторија на околу 400 метри од Земјата, пренесува Ројтерс.

Минатата недела, претставниците на НАСА го одобрија финалниот дизајн на капсулата, со што ја завршија фазата на развој на SpaceX како дел од јавно-приватната програма на агенцијата за скоро 10 години.

Во 2014 година, НАСА потпиша договори со Сес Екс и Боинг за развој на конкурентни вселенски капсули со цел да ја замени својата програма што заврши во 2011 година, но исто така да ја одвикне од зависноста од руските ракети за испраќање американски астронаути во вселената.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote