Готов е за половина час и спаѓа во групата на ЗДРАВИ СЛАТКИ!
Кога велиме здрави слатки , луѓето веднаш помислуваат на нешто што не е близу до „обичните“ слатки. Сепак, здравите слатки можат да бидат вкусни, а овој рецепт е доказ за тоа!
Потребни состојки:
- 260 гр. ореви, бадеми, лешници (по ваш избор)
- 150 грама урми
- 65 грама путер од кикирики
- Лажичка екстракт од ванила
- ¼ лажичка сол
- 55 грама црно чоколадо
- Половина лажица кокосово масло
Начин на подготовка:
Намастете мал плех за печење и ставете хартија за печење.
Ставете ореви, урми, путер од кикирики, екстракт од ванила во блендер и измешајте сè. Ако смесата е премногу сува, додадете малку вода, лажица по лажица, и повторно изблендирајте.
Истурете ја смесата во плех за печење и израмнете ја одозгора, па ставете ја во фрижидер околу 20 минути.
Во меѓувреме, растопете го чоколадото измешано со кокосово масло и прелијте го, па ставете го повторно во фрижидер за да се стегне чоколадото.
Се сече на ленти и се сервира.
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…